Николоски: Автопатот Прилеп – Битола целосно ќе биде завршен до 2029 година
Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива со засилена динамика, а според најавите од Министерството за транспорт, целата делница треба да биде целосно завршена до пролетта 2029 година. Надлежните уверуваат дека проектот напредува побрзо од предвиденото и дека првите километри од новиот автопат ќе бидат пуштени во употреба уште следната година








