Евроамбасадорот пеш низ Скопје: Столб за светилка што „игнорира гравитација“
Евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас, денес на својата „Икс“ страница сподели необична забелешка од прошетката низ центарот на Скопје. Покрај Министерството за финансии, тој наидел на столб од улична светилка кој, според неговите зборови, изгледа како да го игнорира законот на гравитацијата.




