Исчезнато 15-годишно девојче од Тетово пронајдено во Скопје
Вчера во 14:25 часот, Ф.К. од Тетово пријавил дека неговата малолетна сестра Н.К.(15), која претходниот ден била пријавена за исчезната, е пронајдена во добра здравствена состојба. Според пријавеното, таа престојувала кај нејзин познаник во Скопје, соопштија од тетовската полицијата.



