Во Скопје започна снимањето на новиот македонски филм „Пролетно чистење“
Во скопската населба Пржино започна снимањето на долгометражниот игран филм „Пролетно чистење“, дебитантско остварување на режисерката Марија Апчевска-Петровска, која го потпишува и сценариото заедно со Ереник Беќири. Филмот ја следи приказната за Варава, ќерка која по самоубиството на својата мајка се враќа во родниот град, каде се соочува со минатото










