Енергијата ја турка инфлацијата нагоре: ЕУ со раст од 2,8% во март
Растот на цените на енергијата повторно ја турна инфлацијата во Европска Унија, која во март достигна 2,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Евростат. Во еврозоната, инфлацијата се искачи на 2,6%, што претставува значително зголемување во споредба со февруарските 1,9%. Ова укажува на нов бран ценовни притисоци, пред сè поради енергетскиот сектор









