Пресметано кога Алкарас би можел да ги надмине рекордните 24 гранслем-трофеи на Ѓоковиќ
Со триумфот на Отвореното првенство на Австралија, Карлос Алкарас стана најмладиот тенисер кој ги комплетирал трофеите од четирите гранслем-турнири. Шпанецот тоа го направи на 22 години и 272 дена. Покрај тоа, Алкарас стана и најмладиот тенисер во историјата кој освоил седум гранслем-пехари, рушејќи го рекордот на легендарниот Бјорн Борг. Борг до седум










