„Архивски документи“ на Жанета Вангели: од Загреб до Истанбул
Изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели продолжува со своето меѓународно патување, откако претходно беше претставена пред публиката во Загреб и Белград, а сега ќе биде изложена и во Истанбул. Станува збор за проект кој е дел од програмските активности на Националната галерија за 2026 година и претставува континуитет




