Дело на Марија Павловска ќе учествува на изложбата „Лични структури – Спојувања“ во Венеција
Уметницата Марија Павловска ќе биде дел од 61. Венециско биенале, со своето дело Building XL – Linguaggi. Таа ќе учествува на осмата изложба за современа уметност „Лични структури – Спојувања“ , што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември, а ја организира Европскиот културен центар во Палацо Мора. Павловска ќе биде меѓу 175 етаблирани уметници и нови гласови







