Лакроа два пати трагичар на „Емирати“, Арсенал се пласира во полуфиналето на Лига Купот
Фудбалерите на Арсенал се последните полуфиналисти од англискиот Лига куп. Лондонските „топџии“, по голема борба и по изведување на пенали, славеа во градското дерби против тимот на Кристал Палас и закажаа дуел против уште поатрактивниот градски ривал, Челзи. Натпреварот на стадионот „Емирати“ заврши по регуларното време со резултат 1:1 (0:0), но момците








