Само Бугарија од сите членки на ЕУ го одби Акцискиот план за малцинствата оти е на македонски јазик, рече Мицкоски
Главна забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата е македонскиот јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Освен Бугарија, ниедна друга членка на ЕУ немала забелешки за овој документ. Според Мицкоски, ова уште еднаш покажува дека проблемите со Бугарија се многу подлабоки и дека немаат врска со исполнувањето на Копенхагенските критериуми








