Вардар победи во Германија и заврши како прв во групата од Европската лига на ЕХФ
Вардар победи со 34:25 на гости кај Мелсунген во последниот меч од групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Со овој триумф Вардар го освои првото место во групата и обезбеди директен пласман во четвртфиналето, што беше и првична замисла на Црвено-црните. Германскиот тим прв постигна гол на денешниот меч, но потоа Вардар заигра цврсто во одбраната,




