Алкалоид домаќин на Тиквеш, ГРК Охрид по „печат“ во Градишка
Денеска се играат три натпревари од 13-то коло во Супер-лигата, додека еден македонски тим ќе настапи на европска сцена. Алкалоид кам-бекот на победничките патеки ќе го бара против ГРК Тиквеш на домашен терен, мечот е закажан со почеток во 18 часот во салата Автокоманда. Овие два тима имаат одиграни 11 меча, а на 10 од нив победил Алкалоид, една средба



