Tрадиционалниот хуманитарен пикник и годинава го обедини големото семејство на „Алкалоид“ околу заедничка цел: поддршка за здравјето на најмладите и подобри услови за нивно лекување
На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Хуманоста и солидарноста отсекогаш биле дел од традицијата на „Алкалоид“. Во септември 2011 година, по повод 75-годишниот јубилеј на компанијата,










