Мемиќ: Сакаме да го израдуваме градот, но и целата нација!
Младите ракометари на Пелистер ќе играат на завршницата во Лигата на шампионите, во полуфиналето ќе ги одмерат со дански ГОГ Гудме. Иако станува за силен противник, сепак од таборот на битолчани се надеваат на изнеандување. „За Келн се подготвувавме постојано благодарение на добрите услови што ни ги обезбедува нашиот клуб. Ние имаме свој начин и систем