Инфлацијата го јаде стандардот: животот поскапува, синдикатите најавуваат протест
Животот станува сè поскап, а инфлацијата повторно го засилува притисокот врз граѓаните. Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во март изнесува 4,9% во однос на истиот период лани, додека цените на мало пораснале за 3,4%. Најголем удар има кај основните трошоци за живот. Храната и безалкохолните пијалаци се поскапи за 7,5%,










