Фестивалот „Чаршија“ – мост меѓу традицијата и современоста
Првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ќе се одржи од 23 до 26 јули во Сули ан и Куршумли ан. Фестивалот претставува нова културна иницијатива на Општина Чаир, создадена со цел воспоставување нова уметничка традиција што ќе ја афирмира класичната музика, ќе ја зајакне меѓународната културна соработка и ќе го промовира богатото историско










