Прекинато водоснабдување во делови од Ѓорче поради уличен дефект
Поради уличен дефект на водоводна мрежа со профил Ф-80 мм на улицата „Џорџ Бороу“ бр. 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Џорџ Бороу“, дел од улицата „Индира Ганди“ и дел од Визбегово. Водоснабдувањето е прекинато од 10:10 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.



