Ѓорческа успешно ја помина првата квалификациска пречка на Вимблдон
Најдобрата тенисерка од Македонија, Лина Ѓорческа, успешно ја започна својата авантура на Вимблдон, победувајќи ја шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда со 2-0 во сетови (6-2, 6-4) во натпревар траел 79 минути. Ѓорческа успешно реализираше пет од осумте брејк шанси, додека нејзината противничка успеа да искористи две од три. Во вкупниот број на поени,




