„ВОЗАЧОТ НЕ ГО УДРИЛ, САМ СЕ ПОВРЕДИЛ“: ЈСП со демант за инцидентот во Бањани – сведоци тврдат дека немало ќотек
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје излезе со своја верзија за вчерашниот инцидент во скопското село Бањани, каде беше пријавено дека возач на автобус претепал 79-годишен старец. Од претпријатието тврдат дека физички напад немало. Случајот ја бранува јавноста откако во полицискиот билтен беше нотирано дека возачот му нанел тешки телесни повреди









