Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце Делчев“, придружувани од своите наставници. Младите посетители со внимание ја проследија






