Дел од Ѓорче попладнево без вода
Од скопски Водовод информираат дека денеса поради дефект на шибер Ф-80мм на ул.Георги Казепов бр.16 во населба Ѓорче Петров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Георги Казепов и Герантолошки завод 13 Ноември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:00 часот до санирање на дефектот.







