Шест точки за прекин на конфликтот со Иран: Што бараат САД од Техеран?
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH По три недели војна, администрацијата на Доналд Трамп започна прелиминарни разговори за следната фаза од конфликтот и можни мировни преговори со Иран. Во разговорите, според американски функционер и извор запознаен со ситуацијата, учествуваат специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, објавува Аксиос.






