Минималната плата во ЕУ: од 620 евра во Бугарија до 2.704 евра во Луксембург, според последните статистики
Службата за статистика на Европската Унија – Евростат денес објави дека 22 од 27-те земји на ЕУ објавиле минимални плати на 1 јануари, кои во 14 земји се над 1.000 евра. Минималната плата е помала од 1.000 евра во Бугарија (620 евра), Латвија (780 евра), Романија (795 евра), Унгарија (838 евра), Естонија (886 евра), Словачка (915 евра), Чешка (924





