Ќе те пратам во притвор ако не можеш да доаѓаш На судење, па ќе имаш превоз, му рече Судијката На сопственикот На објектот На „Пулс“
На денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март 2025 со 63 жртви, сопственикот на објектот каде работеше дискотеката, Гроздан Милковски, се пожали на сериозни здравствени проблеми и рече дека тешко може да присуствува на судењата. Кажа дека има сепса на градите, не може да спие и дека од вчера има и бактериска инфекција










