Ужас во Карпош: Млад тинејџер падна од балкон – борба за живот во Клинички
Вчера околу 15:40 часот, на подрачјето на Карпош , 19-годишен тинејџер од Република Турција падна од балкон на зграда. Со тешки телесни повреди, момчето беше итно пренесено во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување на лекарска помош. Според информации од увидната екипа на СВР Скопје , се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот










