Роман за спомените и осаменоста: Дурацовски со ново дело што ја враќа тишината на минатото
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски повторно се претстави пред скопската публика со промоцијата на својот нов роман „Понекогаш се враќаат“, одржана на 9 јуни во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Делото е негов втор роман во последните две години, по „Околу три по полноќ“. Романот, како што беше истакнато на промоцијата,








