ОН: Досега на Блискиот Исток загинаа повеќе од 5.200 луѓе, милиони се раселени
Повеќе од 5.200 луѓе загинаа на Блискиот Исток откако САД и Израел започнаа напади врз Иран кон крајот на февруари, вклучувајќи повеќе од 2.200 цивили, соопштија Обединетите нации. Невладината организација „Активисти за човекови права“ проценува дека само во Иран загинале повеќе од 3.500 луѓе, вклучувајќи повеќе од 1.600 цивили и најмалку 244 деца








