АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 85,1 милиони евра, инвестиции од 7,9 милиони евра и 28 нови вработувања во земјата во периодот јануари – март 2026
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2026 година продажбите достигнуваат 3.660.848.825 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 5.247.063.071 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година






