Отворени пријавите за „Алтернативно Скопје #5“: Млади бендови добиваат шанса за настап во „Ла Кања“
Младите музичари, бендови и независни музички проекти добиваат нова можност да се претстават пред публиката како дел од петтото издание на фестивалот „Алтернативно Скопје“, кој ќе се одржи во текот на јули и август 2026 година во култниот скопски простор „Ла Кања“. Организаторите објавија јавен повик под слоганот „Сакаш да свириш?“, со кој ги покануваат


