Внимание ако сте на Халкидики: Од утре забрана за движење, казната е 300 евра
Поради зголемената опасност од шумски пожари, од утре, недела 23 август, на Халкидики ќе стапи во сила забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја. Мерката ќе важи од 08:00 до 20:00 часот, а за нејзино непочитување е предвидена казна од 300 евра. Одлуката е донесена врз основа на проценетиот ризик од пожари и препораките на надлежните









