Научниците открија скриен жив свет под мразот на Антарктикот
Научниците открија богат подводен екосистем скриен под дебел слој мраз на Антарктикот, откако дел од ледената полица Џорџ Шести се отцепи и отвори пристап до морското дно. Истражувачкиот тим на бродот „Фалкор (ту)“ спушти роботски подводни возила под 150 метри мраз во Белингсхаузеновото Море. На дното забележаа сунѓери, морски пајаци, анемони и октоподи



