„Само ти“, нова песна на дуо „Коктел“
Стевче Грозданов и Блаже Темелков од поп-рок дуото „Коктел“ ја промовираа новата песна, „Само ти“. Од дуото велат дека во песната го задржуваат стилот од 1990-тите. „Без вештачки вокал и фајлови, само чиста музика“, велат од дуото кое стана најпознато по хитот „Слуга и цар“, па направи поголема пауза. Во 2025, излезе нивната песна „Каде ти, таму јас“






