Издадена поштенска марка за 50-годишниот јубилеј на Кинотеката
Македонска „Пошта“ издаде нова поштенска марка за јубилејот 50 години од постоењето на Кинотеката на Македонија. Дизајнот е на Лазе Трипков. Директорот на Кинотеката Бошко Грујоски на промоцијата рече дека издавањето на поштенска марка за јубилејот претставува значаен културен настан и симболично признание за институцијата која веќе половина век има



