Делови од Скопје утре ќе бидат без струја
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (04.03.2026) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје. Во општина Карпош, од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Козле“ позади Реплек. Исто така, од 09:00 до 15:00 часот прекин ќе има за корисниците од с. Крушопек, Горно Нерези










