Во Битола свечено отворено 35. издание на фестивалот на класична музика “Интерфест”
Синоќа на големата сцена на Центарот за култура со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет, беше отворено 35-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Солисти: Наташа Трендафилова-Гицев и Балаж Лочеи од Унгарија. Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија





