И детската публика на Охридско лето – аплаузи за „Која е Лорет“ на Театарот за деца и младинци од Скопје
Драмскиот репертоар на 66. Охридско лето синоќа на публиката ѝ ја понуди театарската претстава „Која е Лорет“ од Флоранс Кадие, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а во изведба на Театарот за деца и Младинци од Скопје. Во фокусот на приказната е Лорет, девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано преку една особина, туку преку сите улоги што





