Сихенг Сонг со целовечерен концерт на „Охридско лето“
Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со музичката програма и вечерва во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Целовечерниот концерт започнува во 21 часот. Сихенг Сонг, роден во Шангај во 1981 година, се смета за еден од најзначајните пијанисти од својата генерација. Музичкото образование го стекнал во Франција,








