Дурмиши: Ќе ги провериме цените на 600 до 700 производи од кошничката – ако има превисоки маржи, ќе реагираме
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека неделава ќе се одржи состанок со производителите и дистрибутерите за можностите за намалување на цените на основните прехранбени производи, по минатонеделните разговори со трговците. Тој информираше дека Пазарниот инспекторат спроведува детална анализа на 74 групи, односно околу 600 до 700 производи










