Филм што ја разоткри моќта на новинарството и го промени Холивуд
На 9 април 1976 година премиерно беше прикажан филмот „Сите луѓе на претседателот“, политички трилер што го редефинира начинот на кој Холивуд го прикажува истражувачкото новинарство. Филмот е базиран на истоимената книга на новинарите од „Вашингтон пост“, Боб Вудворд и Карл Бернштајн, кои разоткрија една од најголемите политички афери во американската

