Приведен 28-годишник во Штип, се заканувал на мајка му и искршил дел од покуќнината
На 12.12.2025 во 13:40 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.М.(28) од Штип, по претходна пријава од неговата 53-годишна мајка дека и упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.







