Општина Гази Баба објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2025 година
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи информираше дека е објавен јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2025 година. „Надоместуваме до 50% од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 30.000 денари по домаќинство, со вклучен персонален данок на доход.