Петрова: „МојДДВ“ не го даде посакуваниот ефект, квартално чини по 14.5 милиони евра, но не се размислува за негово укинување
Не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“, изјави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма . „Не можам да кажам дека постои некаква таква одлука или намера за донесување на таква одлука. Меѓутоа, кога се работи за таква мерка за која се трошат јавни средства,







