Петре Арсовски: Слободно можам копачките да ги закачам на ѕид и да уживам во тоа што го прават младите на филм
Наградата на Друштвото на филмските работници за мене е посебна, затоа што ја добивам до моите многу драги и строги критичари. Сум работел и со странци и со филмски работници од регионот и сметам дека македонските филмски работници не заостануваат во ништо, рече актерот Петре Арсовски, кој синоќа ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“









