Стразбур ја разоткри нестручноста на дел од судиите
Премиерот Христијан Мицкоски остро ги критикуваше дел од судиите и обвинителите, по реакцијата од Европскиот суд за човекови права во Стразбур поврзана со предметот „Тенк“, во кој беше осудена поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Според него, забелешките од Стразбур се доказ за, како што рече, „заробеното судство“ што функционирало под претходната










