Концертот на Бен Вилер го отвора одбележувањето на 35 години „Канал 103“
Оваа година, „Канал 103“ го одбележува својот 35-годишен јубилеј со серија настани кои ќе ја оживеат музичката сцена и во радиото и надвор од него. Првата станица на оваа прослава е на 21 февруари, во „Котур“, со специјален настан под наслов „Стотројка: Нова пролет“, кој започнува во 20 часот. На сцената ќе се појават три уникатни музички проекти,







