ЕХФ со величенствена објава: Вардар знае како се освојува титулата!
foto RK VARDAR (facebook) Вардар и официјално ќе биде дел од новата сезона во Лигата на шампиони. Македонскиот првак аплицираше за вајлд-карта, а ЕХФ ја одобри. Колку Вардар е почитуван во европското ракометно друштво, говори и објавата на ЕХФ за кам-бекот на македонскиот тим во натпреварувањето каде има две титули и три учества на фјнл-фор завршницата










