Дејан Дуковски во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“; Претседателката Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на фестивалот
Името на Дуковски е синоним за постмодерната драма во Македонија, а неговите текстови се препознаени како дел од поширокиот европски тренд на „нова драма“. Со повеќе од сто и педесет евидентирани премиерни изведби на своите драми на сцените низ светот, Дуковски е најизведуваниот македонски автор надвор од Македонија. Освен драмски текстови, Дуковски




