Пушачите знаат дека цигарите предизвикуваат рак, но многумина не го знаат ризикот за срцето
Повеќето пушачи знаат дека цигарите можат да предизвикаат рак на белите дробови, но многу помалку се свесни дека пушењето може да доведе и до срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Ново меѓународно истражување, објавено во BMJ Open, покажува дека свеста за штетните последици од пушењето речиси и да не се подобрила во последните две децении,

