Американецот Брандон Слај е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром
По вчерашната обнова на договорите со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, денеска кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром го промовираше првото странско засилување за следната сезона – Американецот Брандон Слај (27 год, 178 см). Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапуваше