ГУТЕРЕШ СО СИЛНА ПОРАКА ОД ОН: Војните мора да запрат, машините не смеат да одлучуваат кој ќе живее, а кој ќе умре
Во своето последно обраќање пред Генералното собрание на ОН како генерален секретар, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со сè подлабоки поделби, војни, нееднаквост, климатски потреси и брз развој на вештачката интелигенција. Централната порака на неговиот говор беше прашањето за моќта – кој ја поседува, како ја користи и кој ја контролира










